Нивното творештво и интерпретација на уникатен звук ги заробува срцата и умовите на публиката ширум светот, а несекојдневноста на стилот што ѝ го нудат на публиката овојпат ќе биде зачинето и со интерпретациите на специјалната гостина Зарина Првасевда, македонски уметник, музичар и вокал со седиште во Скопје. Балансирајќи го своето богато наследство со автентичното самоизразување, македонската уметница Зарина Првасевда има вокална техника која е вкоренета во источноевропските и ориенталните традиции, пренесувајќи ја срдечноста и свежината на македонскиот фолклор.
БГКО е меѓународна формација во чиј репертоар свое место имаат и неповторливите „Море сокол пие“, „Македонско девојче“, „Kaleja Jaca“, ведрата и танцувачка румба на Есма Реџепова-Теодосиевска… За концертот во Скопје подготвени се уште изненадувања.