„Заради внимателно и безбедно пристапување кон реконструкција на КАРИЛ, информираме дека оваа установа во наредниот период ќе функционира со намален капацитет, за што се известени сите јавни здравствени установи во државата. Дел од пациентите ќе преземат ГОБ 8 Септември, Хируршката клиника Св. Наум Охридски и Клиниката за неврохирургија, согласно изготвениот интерклинички план, во соработка со Министерството за здравство. Согласно планот, овие јавни здравствени установи ќе преземат точно утврден број пациенти, со заеднички договор со јавните здравствени установи. Оваа капитална инвестиција е од национален интерес и првпат од основањето на клинички центар се пристапува кон темелна реконструкција на КАРИЛ“, се наведува во соопштението од МЗ.
Почнува реновирањето на КАРИЛ, пациентите ќе се упатуваат во другите скопски болници
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети УК за ТОАРИЛУЦ и имаше средба со директорката д-р Марија Срцева Јовановски по повод подготвителните активности, кои се во завршна фаза за темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, која се реализира по првпат, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Објавено на
часот