недела, 22 декември 2024

Започна петтиот Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески”.

Објавено на

часот

Сподели

„Ванчо Николески, со кого имав бројни средби како дете, а и подоцна како автор, беше питома и плодна душа, која ги заслужува сите почести што вие учениците ги правите денес, заедно со организаторите на Поетскиот камп“, рече Петрески, порачувајќи во иднина, за ваквите настани, официјалните институции да имаат повеќе слух и разбирање.

Во име на организаторот, Здужението за култура и литература Мацково, неговиот претседател Веле Митаноски, ја прочита поздравната порака од претседателот на Македонија, Стево Пендароски.

„Овој, петти по ред, Балкански поетски камп, се одржува во годината кога одбележуваме 100 години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, кој не пишувал поезија за деца, но нагласувал, дека, секое дете има природна дарба и склоност кон убавото што треба да се негува, гаи и воспитува, за да израсне во свесен однос кон убавината, кога нивните детски гледања ќе им отстапат место на зрелите творечки зафати и согледувања, порача Пендаровски и им посака на младите творци да истраат во нивниот креастивен потфат и со нивната поезија да станат инспирација за оваа и за следните герации.

До учесниците со видео пораки се обратија нивни, млади врсници-творци од земјата и странство, како и претседателот на Литературното друштво „Ванчо Николески од Квинбиен, Австралија, Наум Трајчески.

По свеченето отворање на манифестацијата, учесниците и организаторот оддадоа пиетет кон Николески, со полагање цвеќе на неговото вечно почивалиште во Охрид.

Манифестацијата ќе трае до 26 август и ќе се одржува во Охрид, Струга, Вевчани, Белчишта  и Црвена Вода.

Поетските работилници ќе ги води истакнатиот српски поет Милутин Ѓуричковиќ, претседател на Институтот за детска литература во Белград и член на Европската академија на науките и уметностите.

Балканскиот поетски камп се одржува под покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКО со седиште во Верона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ