понеделник, 21 октомври 2024
Заедничка акција на македонската и грчката полиција

Запленетите 160 килограми кокаин биле скриени во контејнер со банани (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во соработка и со заедничка меѓународна истрага со Службата за борба против дрога од Солун, Република Грција, Американската служба за борба против дрога – ДЕА и Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа – СЕЛЕК, успешно е реализирана заедничка операција на недозволена трговија со кокаин, при што во Солун се запленети 161 килограми кокаин во вредност од над 10 милиони евра. 

Вчерашната операција е резултат на продолжување на истрагата во двете земји и меѓусебната размена на сите информации поврзани со членовите на меѓународната криминална група. Имено, во рамки на проверките за лицата и фирмите кои беа инволвирани во првиот случај на заплена на 105 кг кокаин, беше утврдено дека веќе лишените лица нарачале и организирале и втора, нова количина на кокаин од Еквадор. Во соработка со Службата за дрога од Солун беа утврдени контејнерите, по што по нивното пристигнување на пристаништето во Солун истите беа предмет на контрола, велат од МВР.

„На 2 јуни полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога, заедно со грчките колеги на пристаништето во Солун презедоа заеднички активности за откривање и вадење на наркотичната дрога кокаин во количина од 100 пакувања, односно во секој контејнер биле пронајдени по 50 пакувања со кокаин, со вкупна тежина од 161 килограм. Притоа, кокаинот беше пронајден во специјално направени бункери – крипти во шините од подот на двата контејнера“, велат од МВР.

Одделот за крим-полиција во текот на следната недела ќе достави известување до надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Шефот на секторот за односи со јавност на полицијата во Солун Христос Димитракопулос објасни дека по запленетите 104 килограми и 600 грама кокаин на почетокот на минатиот месец, кога беше разбиена повеќечлена криминална организација и беа уапсени 10 лица во Грција и четири во Македонија, имале информации дека на атинското пристаниште ќе пристигне нова пратка со банани и скриен кокаин.

„Од дополнителната истрага спроведена од полициски службеници во соработка со канцеларијата на ДЕА во Атина, властите на Северна Македонија, Царината во Пиреа и Солун, Регионалниот тим за борба со дрога, Централното пристаниште во Солун и Центарот за Полициска соработка на Југоисточна Европа, произлезе дека на пристаништето Пиреа ќе пристигнат уште два контејнери со банани, каде што ќе бидат скриени количества кокаин“, објасни Димитракопулос.

По наредба од истражен судија, пратката била запленета и пренесена на пристаништето во Солун, каде што вчера бил извршен претрес, по што било откриено дека во специјални надворешни делови биле скриени 100 пакувања со вкупно 161 килограм и 23 грама кокаин, а процените се дека дрогата е во вредност од минимум 3.200.000 евра.

Вчерашната акција, информираат од МВР е продолжение на акцијата од 8 и 9 мај 2023 година кога во Солун беа запленети 105 кигограми кокаин и беа лишени од слобода 10 луѓе во Грција, и тоа 7 грчки државјани тројца државјани на Албанија, додека во Македонија беа лишени од слобода 4 луѓе, македонски државјани, кои во моментот се притворени и се наоѓаат во истражниот затвор Скопје. 

 

                                                                                                   Фото и видео: Грчка полиција

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ