сабота, 8 февруари 2025

Запалено македонско знаме пред општина Струга

Објавено на

часот

Сподели


Според охридската полиција, знамето го запалил Исмаил Минир(47) жител на струшкото село Шум.

Тој, откако пристигнал пред зградата на општината, извадил македонско знаме што претходно го носел со себе, и го запалил.
Веднаш потоа тој ибегал од местото.

„По само половина час Исмаили Минир е пронајден од полициски службеници и приведен во Полициската станица во Струга на информатовен разговор“, изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.

Тој нагласи дека во моментот се утврдуваат причините и мотивите поради кои  Минир запалил знамето и дека со подетални информации ќе излезат откако ќе бидат познати сите детали.

Настанот бил пријавен од граѓани на Струга кои биле очевидци на инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ