четврток, 30 јануари 2025

Занаетчиите повикуваат граѓаните да пазарат кај малите занаетчии

Занаетчиската комора (ЗКРСМ) го поддржува најавениот бојкот на маркетите и повикува граѓаните да направат поправеден избор и да пазарат кај малите занаетчии, информираа денеска од ЗКРСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Целосно го поддржуваме бојкотот на маркетите, меѓутоа апелираме до граѓаните секогаш кога ќе имаат можност да купат леб, други прехранбени продукти во занаетчиските пекари, други дуќани за да се поддржи локалното производство. Воедно, апелиравме и до занаетчиите  да ги намалат цените на своите продукти, изјави претседателот на ЗКРСМ“, Агрон Фазлији.

Од ЗКРСМ велат дека цените кај малите бизниси и занаетчиите се пониски и подостапни за сите. Во петок цените кај занаетчиите ќе бидат за десет проценти пониски за купувачите.

„Ова е мал, но важен чекор за да покажеме дека локалната економија може да ги поддржи граѓаните со поправедни цени и подобар квалитет. Апелирам секогаш кога се во можност, не само за време на бојкотот, туку секогаш,  купувачите да избираат продукт кај малите занаетчии“, повика Фазлији.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ