петок, 31 јануари 2025
ЖАЛНА ВЕСТ

Замина засекогаш новинарот Ѓорги Томиќ, на 42-годишна возраст

Новинарот Ѓорѓи Томиќ почина вчера на 42-годишна возраст,  по кратко боледување. Томиќ беше познат по својата посветеност на новинарството, особено во областа на надворешната политика.

Објавено на

часот

Сподели

Во својата кариера, која ја градеше во информативната редакција на Канал 5 каде како уредник остави значаен белег со своето известување и аналитички пристап. Професионалниот пат подоцна го продолжи во маркетинг-индустријата, работејќи во секторите за односи со јавност.

Колегите ќе го паметат како исклучително професионален новинар, посветен на својата работа, но и како голем другар. Потекнуваше од новинарско семејство, а неговата страст кон медиумите и комуникацијата беше препознатлива во секој негов професионален ангажман.

Зад себе остави сопруга и два сина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ