сабота, 12 октомври 2024

Законот за правична застапеност треба прво да биде оценет од Венецијанската комисија

Уште истиот ден кога беше објавена одлуката на Уставниот суд за укинување на алатката „балансер“ за правична етничка застапеност при вработување во јавната администација, од коалицијата Вреди беше најавено дека речиси имаат веќе подготвено текст на закон за правична застапеност .

Објавено на

часот

Сподели

Денеска, премиертот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање во врска со најавениот закон за правична застапеност  одговори дека новото законско решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија.

„ Јас нема да бидам секундант, но она што го знам е дека новото законско решение мора да биде уставно и мора да биде согласно препораките на Венецијанската комисија. Затоа, можеби е подобро пред да биде донесено во Парламентот, да се испрати на мислење, за да не се доведуваме во ваква состојба, ние да се претвораме во уставно правни експерти, а не сме, и да кажуваме како требало“ – смета Мицкоски.

Тој потенцира дека е потребно откако ќе се искристализира решението кое ќе биде основа на предлог, да се испрати на мислење во Венецијанската комисија и потоа да се се гласа во Собранието.

Прашан за изјавата на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами во која тој бара двојазични банкноти, Мицкоски посочи дека оваа изјава не е барање, туку е коментар на политиката на ДУИ кога е во опозиција.

„Изјавата на Касами не е во насока на тоа дека треба да имаме двојазични банконоти, туку изјавата е во насока на тоа да потенцира дека кога ДУИ вели дека има целосна имплементација на двојазичноста, во суштина не ја говори вистината, односно е измамник и ги мами луѓето. Тоа сакаше да каже. Повеќе е метафорично. Не е тоа барање, туку коментар на политиката на ДУИ во опозиција, затоа што кога ДУИ е на власт, има поинаква политика. Тогаш се важни тендерите, автомобили.. Кога сме во опозиција, е тогаш е сосама поинаква состојбата“, одговори Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ