Увидот во хрватските училишта покажа дека пријавите биле лажни.
Дојавите пристигнале утрото преку е-пошта и содржеле закани со исламистички пораки.
Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ по вчерашната седница на Владата изјави дека досега сите извештаи за поставени експлозивни направи во училиштата низ Хрватска се покажале лажни.
„Имаше 85 вакви пријави, а полициските службеници досега исклучија 60 училишта, така што наодите се негативни“, рече Божиновиќ.
Серверот е надвор од Хрватска и во тек е форензичка истрага, додаде Божиновиќ.
Во истрагата за извештаите се вклучени експерти за сајбер-безбедност и Европол.
Покрај исламистички закани дојавите испратени по електронска пошта најавувале одмазда, а полицијата рече дека нема причина за паника.
Соопштено е дека постапката во сите училишта е спроведена според утврдени протоколи, сите училишта се евакуирани, просториите се детално проверени, а мерките за безбедност се на највисоко ниво.