Како што напомена Меџити, индустријата е важен столб за економски развој, но остава сериозни последици врз животната средина.
„Загадувањето од големите индустриски инсталации влијае на воздухот, водата и почвата. Наша должност е да ги контролираме овие влијанија и да промовираме почисти и поодржливи практики“, истакна министерот.
Според него, Директивата на ЕУ за индустриските емисии и еколошките дозволи е голем чекор во оваа насока.
Меџити укажа и дека треба да постои соработка со сите партнери, и дома и во странство, зашто ниту една земја не може сама да се соочи со предизвикот на индустриското загадување.
„Во однос на овој проект, заедно со нашиот партнер од Грција, имаме за цел да го подобриме законодавството и да го намалиме загадувањето во земјава. Само преку соработка и размена на искуства можеме да постигнеме конкретни и одржливи резултати“, потенцира Меџити.
Како што беше речено на работилницата, спроведувањето на твининг проектот е чекор напред на патот кон почиста и побезбедна животна средина.