сабота, 19 октомври 2024

Захарова: Украинците именуваа баталјон по човек кој бил двапати примен од Хитлер

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова реагираше на именувањето на еден од баталјоните на оружените сили на Украина по лидерот на Организацијата на украински националисти Евгениј Коноваљц.

Објавено на

часот

Сподели

Таа истакна дека тоа именување е потврда за нацистичката суштина на киевскиот режим и дека Коноваљц бил еден од најлојалните нацисти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го додели спорното име „Коноваљц“ на 131-та специјална извидничка единица на украинските копнени сили.

Коноваљц во 1929 година во странство ја формирал Организацијата на украинските нацисти која ја промовирала идеологијата на милитантен антисемитизам и планирала масовно истребување на Полјаците.

Коноваљц и неговата организација активно соработувале со разузнавачките служби на Третиот рајх, зголемувајќи ги своите борбени способности за да дејствуваат за нацистичка Германија во борбата против Советскиот Сојуз.

Суд во СССР го осудил Коноваљц на смрт во отсуство за учество во масовно убиство на работниците во киевски Арсенал кои во јануари 1918 се побуниле против украинските националистички власти.

На 23 мај 1938 година Коноваљц во Ротердам бил ликвидиран од службеникот на државната безбедност на СССР Павел Судоплатов.

„И повторно потврда за нацистичката суштина на киевскиот режим – уште една единица на милитантите доби име во чест на нацистот Евгениј Коноваљц… Од сите украински нацисти, токму Коноваљц бил најлојалниот нацист“, напиша Захарова на Телеграм.

Истакна дека Коноваљц работел за Германија од Првата светска војна и дека неговите сили биле ангажирани да патролираат и да ги чуваат владините згради во Киев во 1918. „Откако избегал од родната земја ја посветил сета своја енергија за создавање пронацистички украински организации на сонародници во меѓувоена Европа“, додаде Захарова.

„Им продавал на Германците информации за полската војска, која Германија, под националсоцијалистите, ја нападнала неколку години подоцна. Неговите организации спроведувале саботажи против советски дипломати и полските власти за време на 20-тите и 30-тите години, паралелно подготвувајќи планови за инвазија на Советскиот Сојуз“, продолжи портпаролката.

Захарова истакна дека Адолф Хитлер два пати го примил Коноваљц. „Постојат информации дека Коноваљц лично печател повици до Украинците да го поддржат фирерот. За возврат нацистите им помагале на Организацијата на украински националисти со инструктори, материјали и бази“, заклучи Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ