Украина побара од западните сојузници по завршувањето на тригодишниот конфликт да распоредат свои „воени контингенти“ на нејзина територија, за да се заштити од можни идни напади од Русија.
Франција и Британија сугерираа дека би можеле да распоредат „мировни сили“, но Москва ја отфрли таа идеја како дел од примирјето или како долгорочна безбедносна гаранција за Украина.
„За нас е апсолутно неприфатливо единици на војски на други земји да бидат стационирани во Украина под кое било знаме“, кажа портпаролката на министерството за надворешни работи Марија Захарова.
„Без оглед дали станува збор за странски контингент и воена база, сето тоа би значело вклучување на овие земји во директен оружен судир со нашата земја“, додаде Захарова.
Нејзиниот коментар доаѓа откако американските преговарачи стигнаа во Русија за да го претстават својот план за 30-дневенб прекин на огнот во Украина, кој претходно оваа недела доби поддршка од Киев.