„Москва остро ќе реагира на какви било непријателски потези, поврзани со обидите на Русија да ѝ се одземе сопственоста над нејзините суверени резерви, порача Захарова.
„Нашите возвратни мерки, насочени кон заштита на нашите легитимни права и интереси, ќе бидат оправдани и од правен и од морален аспект“, порача Захарова.
Истовремено истакна дека за прв пат во последно време на Западот почнуваат да признаваат дека постои опасност од произволни манипулации со туѓиот имот.
„Во светлото на економските проблеми, во голема мерка предизвикани од нивните грешки и проценки, како и реципрочниот ефект од антируските санкции, во Европа конечно почнаа да размислуваат за последиците на таквите експропријации по сопствената инвестициска клима и деловна репутација“, забележа Захарова.
Како што додаде, секој напад на рускиот имот Москва го смета за банална кражба.
„Нормално, свесни сме дека на Западот нема да сопрат и дека ќе бараат нови изговори за да се создаде привид за легитимитет за одземање на нашиот имот“, оцени портпаролката.
Агенцијата Блумберг претходно соопшти дека земјите од Г7 и Европската Унија ја разгледуваат можност да ги искористат повеќе од 250 милијарди долари замрзнат имот на руската Централна банка за финансирање на обновата на Украина.