петок, 7 февруари 2025

Захарова: Изјавите на Трамп за Газа се шокантни

Руското министерство за надворешни работи порача дека изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа и американското присвојување на палестинската територија се шокантни и дека ќе ги кренат тензиите на Блискиот Исток. Трамп кажа дека Израел по завршувањето на офанзивата ќе им ја предаде палестинската енклава на Соединетите Американски Држави и дека за тоа нема да бидат потребни американски трупи бидејќи локалното население веќе ќе биде иселено.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходно неделава американскиот претседател кажа дека сака трајно да ги пресели Палестинците од Појасот Газа во Египет и Јордан и да ги расчисти урнатите згради за таму да направи „ривиера под американска сопственост“. „Сега најважно е да се пружи потребната хуманитарна помош на сите на кои им е потребна“, кажа портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова.

„Ние сметаме дека денес главната задача е да се обезбеди имплементација на договорот меѓу Израел и Хамас“, додаде таа. „Какви било популистички, лесномислени и шокантни тврдења за какви било други палијативни мерки во овој момент се контрапродуктивни и не придонесуваат на решавање на проблемот туку само ги креваат тензиите во регионот и постоечките екстремно тешки проблеми“, заклучи Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ