Захарова на конференција за медиумите во Москва ја критикуваше изјавата на францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорн, кој во понеделникот потврди дека наредил префрлање на најмалку десет ракети со долг дострел „скалп“ во Украина и додаде дека се надева дека Киев ќе може да изврши напади зад линијата на фронтот, односно на руска територија.
„Би сакал ова да му го кажам на Себастиен Лекорн, кога режимот во Киев ќе удри зад линијата на фронтот, да се надеваме дека нема да ја погоди француската амбасада во Москва“, наведе Захарова. Таа истакна дека европските функционери вложиле напори за да ги наговорат Соединетите Американски Држави да ѝ дозволат на Украина гаѓање на руската територија со ракети со долг дострел.
Додаде дека британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон сакаат да го натераат американскиот претседател Џо Бајден да ја укине забраната за гаѓање на руската територија пред да заврши неговиот мандат во јануари. Захарова кажа дека тоа докажува дека Западот не сака мир, „туку сака да води хибридна војна со Русија преку Украина“.
„Сакаме да ги потсетиме Вашингтон, Лондон, Париз и Брисел дека и понатаму си играат со оган. Рускиот претседател Владимир Путин јасно кажа дека давањето дозвола на Украина за такви напади ќе го сметаме за реално влегување на земјите од НАТО во директен оружен судир со Русија“, истакна Захарова.