Захариевски го признава поразот, неговиот тим одигра под нивото на последните настапи од сезоната.
„Секако иако работевме на тоа фудбалерите да немаат притисок, направивме некои грешки во првото полувреме и кога ќе изгубиш самодоверба тешко се враќаш. Имавме шанса во финишот да дојдеме до изедначување и во таква ситуација, но не ја искористивме. На крајот, сепак мора да му честитаме на Тиквеш, заслужено го освои трофејот“, изјави Захариевски.
Захариевски истакна сепак дека мораат да бидат задоволни од оствареното во сезоната.
„Ние успеавме да опстанеме во лигата и да стигнеме до финалето во Купот на Македонија и тоа секако е голем резултат“.