среда, 5 февруари 2025

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Загрижува тоа што и виcоки политички личности немаат знаења за политичките системи и модели (1)

Веќе се поминати 23 години од првите повеќепартиски парламентарни избори во независна Реублика Македонија. Одржани се 10 изборни циклуси. Донесени се 3 закони (1990, 1998 и 2002 год) кои директно ги одредуваат правилата за избор на членови на законодавниот дом, парламентот на државата. На сите три закони клучните одредби се однесувале на изборниот систем. Со првиот закон се предвидуваше примена на чист мнозински систем со 120 изборни единици во кои се избираше по еден пратеник.  

Во 1998 год. без никаква анализа за предностите и недостатоците од мнозинскиот систем, без никаква дебата (само со мислењето на  политичките партии) законодавецот се определи за комбиниран систем при што според мнозинскиот систем се избираа 85 пратеници додека со пропорционалниот 35 пратеници. Изборниот праг за пропорционалниот систем изнесуваше 5 одсто.

Во 2002 год. повторно без никаква анализа и дебата, законадавецот се одлучи за најкрупната политичка промена на политичкиот систем во државата. Велам најкруна бидејќи: начинот, условите, како  и други одредби за избор на пратениците суштински влијаат во одредувањето на политичкиот систем со кој функсионира државата.

Со оглед дека политичките партии досега воопште не се преокупирале со воведувањето и примената на политичкиот систем, никој не може јасно и недвосмислено да одговори соред кој концепт и систем се раководи државата. Токму затоа и работите во државата ни се такви какви што се.

Во 2019 год. Владата и парламент се определија за формирање на Министерство за политички систем, кое придонесе да се јави надеж дека нештата можеби ќе се променат бидејќи некој се сетил дека без добро замислен и изграден политички систем секако се доаѓа до состојба на конфронтации на надлежностите на институциите.  Конфронтации се појавуваат и во примена на законите, бидејќи властите меѓусебно се конфронтираат. Без примена на колку – толку исправен политички систем државата се соочува со правно политички недоследности и хаос.

Тоа министерство, за жал, колу ми е познато, воопшто не се преокупирало ниту работело што било поврзано со проблематиката на политичкиот систем. Не ми е познато дали досега некој од тоа минстерство се огласил за што било што има допирна точка со политичкиот систем и правците по кои земјата треба да ја изгради политичката иднина.

Без оглед на досегашна незаинтересираност за изнаоѓање решенија со кои ќе се дефинира политички концепт, според кој ќе се раководи државата, веќе извесно време одредени политички партии непрекинато се залагаат за одржување на избори со промена на изборниот закон со што целата држава би била една изборна единица.

Зачудува фактот што основна преокупација, како на предлагачите, така и на поддржувачите на таквите барањата, се однесува на начинот како помалите политички партии (јасно е дека всушност се само приврзоци на поголемите партии) да можат со самостоен настап да добијат пратеници. Притоа, жално е што предлагачите ги интересира само промената на бројот на изборните единици и ништо друго.

Познати се изборни модели (се применуваат во одредени земји) преку кои добивањето на пратеник може да се обезбеди и со помал број на добивени гласови. Поврзано со оваа проблематика загрижува фактот што голем број на јавни личности, вклучувајќи пратеници и министри, не располагат со потребно знаење за изборните системи и модели. Оттука (во одредени случаеви) тешко е да се констатира дали на конкретната личност (избран од граѓаните, во нивно име, да се бави со државнички работи) му се јасни разликите помеѓу изборен систем и модел.

s

Барањата за измени на изборниот закон во последниве години обично ги нагласуваат и изнесуваат помалите политички партии. Но сите барања се одднесуваат на бројот на изборните единици а одвреме навреме срамежливо се спомнува и можноста за воведување на отворени листи, бидејќи истите нe ги преферирааат политичките лидери.  

Трите најголеми партии (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ) со видна подготвеност се согласуваат за расправа по тоа прашање, но јасно и гласно истакнуваат дека за тоа треба да се согласат сите партии. Оттука, слободно може да се каже дека судбината на таквите барања однапред е одредено да остане во доменот на изнесување желба на „маргиналците”.

Недвосмислено е познато дека секој што во државата зборува за изборната проблематика е преокупиран само со изборните единици и евентуално отворените листи. Оттука, тешко дека политичките чинители во догледно време ќе успеат да изградат посакуван политички систем. Ова нема да се случи бидејќи на земјата ѝ е потребно повеќе од измени на изборниот закон. Потребна ѝ е целосна, комплетна, содржинска ИЗБОРНА РЕФОРМА која ќе обезбеди: одговорен, компетентен, чесен, храбар, визионерски итн, итн, парламент. На земјата ѝ се потребни пратеници, министри и други луѓе со високи државни функции кои поседуваат морални вредности, кои не тргуваат ниту со својот ниту со туѓиот морал. На земјата ѝ се потребни пратеници кои знаат дека мандатот го добиле за да ги заштитат интересите на граѓаните (да зборувват во нивно име) не на олигарсите, клептократите, шефовите на криминални групи и структури кои демонстрираат: насилие, ароганциа, злоупотрба на политичка или државна позицијата. На земјата не ѝ се потребни пратеници кои се во служба на политичката врхушка, кои се однесуваат сервилно кон носителите на злото, негативното и непосакуваното кај народот. Односите помеѓу властите како и помеѓу власта и опозиција јасно ни покажува дека земјата се раководи од клептократите распространети во секој дел од власта.

Оттука испаѓа дека избраниците на народот гласот добиен од народот го стават во функција на создавање и заштита на групи и структури кои со разни дејствувања го загрозуваат сегашноста и иднината на сопствените избирачи.      

Тој начин на практикување на власта за жал е каратеристика на нашето политичко минато и сегашност кој бездруго треба да се промени. Но промената нема да доаѓа сома по себе. Потребназ е севкупна мобилизација на познавачите на изборната проблематика и изградба на добро осмислен политички систем. Во спротивно, согласувањето со скриените желби и предлози на политичките медиокритети кој смислено, од ден на ден ги изградиле и зајакнале клептократските манири на водење политика, само ќе ги зајакне желбите за напуштање на земјата.

                                                                                                    Махи Несими

                                                           Утре:  Што сè би опфатила изборната реформа?

КОЛУМНИ

Соња Стојадиновиќ

Светот може без САД, прашање е колку САД може без светот

Клементина Брзаковска

Судовите – фабрика за неказнивост, кога правдата станува привилегија

Мајкл Спенс

Што е проблемот со германската економија?

Бојан Лазаревски

Последиците од аерозагадувањето се со пандемиски размери

Марјан Бојаџиев

Бојкот на трговијата е како да ја блокираме УХМР поради лошото...

Љубомир Николовски

НБА ол стар: Од престиж, преку спектакл до пропаѓање –...

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ