четврток, 31 октомври 2024

Загина мотоциклист од Унгарија во судир во тунелот кај Катланово

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајната несреќа се случила помеѓу товарно возило фолксваген дока со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од с.Цветово, скопско и мотоцикл хонда со унгарски национални ознаки, управувано од Ц.Б.(70) од Унгарија. На местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Т.В.М.(68) од Унгарија. 

Автопатот Велес – Скопје, кај тунелот, е целосно затворен за сообраќај.

Возилата се пренасочуваат од клучката Велес кон Свети Николе, кон автопатот Штип – Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ