Денеска во полициската станица Гевгелија било пријавено дека при извршување градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија, паднал работник и добил тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во болницата во Гевгелија, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија.
Загина 21-годишен работник на градилиште во Гевгелија
Б.Б. (21) од село Орашац, Кумановско, загина денеска откако падна од градилиште во Гевгелија.
ТОП ВЕСТИ