Всушност, БГНЕС се повикува на објава на социјалните мрежи на еден друг поранешен македонски премиер, Никола Груевски, кој веќе пет-шест години е во егзил во Унгарија.
„Најверојатно во моментов Заев е многу горд на себе, зашто започнува со изградба на 82-катна кула во Дубаи, од прилика во вреднст над 600 милиони евра. Поголемиот дел од тие пари беа присвоени преку огромен рекет, како никогаш досега во Македонија, и злоупотреба на власта за време на неговото владеење. Станува збор за пари во готовина, кои потоа беа транспортирани со приватен авион до Дубаи и ставени на банкарска сметка. Истовремено, тој се подготвува за нова голема инвестиција во друга земја во Азија, зашто е уверен дека ги решил сите прашања поврзани со својата неказнивост. Но тој лажен верник, жеден за пари, треба да знае, дека на неговата совест лежат душите на многу луѓе, поради злото што што го направи во Македонија и на Македонците, за да ги добие тие милиони и милијарди евра“, пишува Груевски на социјалните мрежи, а пренесува БГНЕС.
И понатаму е во доменот на неофицијалните информации дека коинвеститори во проектот со облакодерот во Дубаи се блиските роднини од семејството на Зоран Заев, братот Вице и братудедот Трајче, но и Горан Крстев, сопственикот на „Јавор шпед“ , а се споменува и името на актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче.
Зоран Заев во изминативе 7-8 месеци речиси и да не живее во Македонија, контактира со тесен круг на луѓе, а во неговата (поранешна?) партијата се чини дека немаат официјални информации за неговите планови и проекти. За разлика од транспарентноста и комуникативноста пред доаѓањето на власт во 2017 година, Зоран Заев е тешко достапен за македонските медиуми за да ги потврди, или демантира наводите за неговите инвестиции на Блискиот и далечниот Исток.