среда, 12 февруари 2025

„Заедно за интернет без омраза и врсничко насилство“ – започна проектот на Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ

Преку примери и лични искуства на млади кои се соочиле со говор на омраза на интернет, денеска, започна реализацијата на двегодишниот проект на Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ на тема „Заедно за интернет без омраза и без врсничко насилство“.

Објавено на

часот

Сподели

На денешната средба со медиумите, млади извидници раскажаа приказни со кои се соочиле дел од нивните врсници, но и лични искуства кoга биле изложени на срам поради говорот на омраза на интернет кој бил користен против нив.

Главниот и извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев, изјави дека проектот има за цел да создаде алатки за децата да знаат како да се заштитат, промовирајќи ја почитта и инклузивноста кај младите, бидејќи, како што рече, тие имаат потреба да научат како да се справат со овој феномен.

„Се сеќавам на периодот пред короната и во екот на короната, кога во едни субоптимални услови организиравме работилници, каде што замислувавме стратегии како да го пресретнеме говорот на омраза на интернет и како да го спречиме тој говор на омраза на интернет во насока на промовирање на почитта, во насока на промовирање на инклузивност. Негативниот феномен којшто го забележуваме е кај младите – тие имаат потреба да научат како да се справат со овој феномен, којшто, за жал, станува сѐ поприсутен. Во оваа значајна фаза во нивниот развој сметаме дека нашата одговорност како компанија е да помогнеме и да ги создадеме тие алатки за децата да знаат како да се заштитат. Борбата против омразата е секако колективна, никој не може сам да сам победник. Можеме само како тим“, рече Љушев.

Претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, пак, истакна дека целта на ова партнерство е да им даде моќ на младите, како и алатки да создаваат иницијативи што одговараат на нивното сопствено искуство и се во линија со нивните секојдневни борби на интернет.

„Целта е да им понудиме на девојчињата и момчињата социјални вештини и стратегии за справување, да ја градиме нивната отпорност, како и да ја подигнеме јавната свест за последиците од онлајн-врсничкото насилство врз физичкото, менталното и емоционалното здравје“, рече Милер.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ