сабота, 23 ноември 2024

Заедничка историја?! Бугарија беше против Илинденското востание

Актуелната сегашност на односите меѓу Македонија и Бугарија во најголема мера е одредена од опструкциите што официјалната бугарска политика ги поставува пред македонскиот евроинтеграциски процес, најмногу фокусирани во наметнување на бугарското гледање на историјата како „заедничка“.

Објавено на

часот

Сподели

Иако таквите опструкции се формулирани како барања за почитување на малцински права како дел од основните човекови права, т.е. додавање на Бугарите во македонскиот устав како малцинска заедница, имплицитно навлегуваат во оспорување на македонскиот национален идентитет, историја, јазик.  Таквата закана за македонскиот идентитет, историја и јазик се „скриени“ во додадениот втор протокол во преговарачката рамка за Македонија, преку кој неизбежно се надоврзува и условот за „заедничка историја“, наведен во Договорот за добрососедство, потпишан во 2017 година. Навидум необврзувачки споменатата „заедничка историја“ ( повеќе како стилска фигура) во Договорот, всушност стана основа за формирање Заедничка комисија за историски и образовни прашања меѓу Македнија и Бугарија , која исто така „итро“ е вметната во преговарачката рамка на ЕУ за Македонија.

Едно од клучните прашања за „заедничка историја“, на кое инсистира Бугарија е  Илинденското востание во Македонија, од август 1903 година, за кое вели дека било изведено со поддршка на тогашната бугарска држава. Но архивите на светскиот печат од 1903 година, даваат докази за поинакви сознанија за улогата на тогашната бугарска држава во подготовката на Илинденското востание. Во архивата на Аризона  Републикан (УС) њузпејпер (Arizona Republican (US) newspaper) постои текст објавен на 4 април 1903 година, од дописништвото во Виена (Австро-Унагарија) за „активни мерки на бугарската влада против македонските бандити“ на кои им запленила големо количество оружје. Тоа се случило четири месеци пред започнувањето на Илинденското востание во Македонија, кое денешна официјална Бугарија сака да го нарекува Илинденско-Преображенско востание.

„Виена, 4 април 1903 година – Сознанијата добиени од Софија, велат дека бугарската влада презема активни мерки против македонските бандити и има запленето големи количини од нивното оружје што било криено во Софија. Бугарската жандармерија на границата близу Добница отворила оган врз востаниците кои се обидувале да го прокриумчарат оружјето во Турција. Нови востанички банди се појавиле во областа Ѓумас (Румелија), а силни чети на турската коњица, почнале да ги потиснуваат со артилерија, кон преминот Кресна“, се наведува во архивскиот текст на Аризона  Републикан (УС) њузпејпер.

Ваквите архивски докази, со факти ја побиваат бугарската теза, претставена како „европски услов“ за заедничка историја на Македонија и на Бугарија.

Ј.П.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ