петок, 1 ноември 2024

Зачестуваат случаите на приведени дебрани за поседување марихуана

Полициските службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи, привеле дваесет и две годишен дебранец поради поседување марихуана.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа, во 21:05 часот, кај месноста Удово на патниот правец Дебар-Струга, лишен од слобода е Ф.Л. од Дебар. При преглед во патничко возило во кое тој се превезувал, извршен од полициските службеници, тој фрлил марихуана, а во возилото, пронајдени и одземени се марихуана и дробилка“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторо за внатрешни работи-Охрид.

Според него, по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ова не е прв случај на откривање марихуна на ова подрачје, за кои не се отфрла можноста дрогата да е прошверцувана од албанска страна.

Деновиве беше поднесена кривична пријава против Е.К. од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекрусори.

Кај него при контрола на патничко возило мерцедес со кое се превезувал, исто така кај месноста Удово,  полициските службеници, пронашле и одземале опојна дрога марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Претходно лишени од слобода беа  А.Ц. и Ј.К., двајцата од Дебар, откако при преглед на патничко моторно возило пежо со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувале, извршен во Дебар, полициските службеници пронајдоа и одзедоа најлонска кеса со опојна дрога марихуана. Дополнително, при преглед кај А.Ц. пронајдено и одземено било пакување со марихуана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ