вторник, 24 декември 2024

Забрана за руските дијаманти во 12-от пакет санкции на ЕУ против Русија

Европската Унија го усогласи најновиот предлог санкции против Русија кој вклучува директна забрана за увоз на руските неиндустриски дијаманти која ќе се применува од 1 јануари 2024 година, ккао и постепена забрана за увоз на дијаманти од трети земји чија имплементација ќе почне во март следната година.

Објавено на

часот

Сподели

Останатите мерки опфаќаат заострување на доказите кои се бараат од компаниите кои тврдат дека се придржуваат до ограничувањата на руската нафта, како и мерки за спречување на Русија да добие стока со двојна намена.

Тоа подразбира дека компаниите од ЕУ ќе бидат приморани со своите партнери да потпишат договори со кои се забранува реизвоз во Русија.

Во најновиот пакет санкции е проширена листата на поединци или ентитети кои имаат забрана за влез во ЕУ. Меѓу нив е Илија Медведев, син на поранешниот претседател на Русија Дмитриј Медведев.

Ова е 12-от пакет санкции на ЕУ против Русија откако почна војната во Украина.

Земјите членки на ЕУ треба официјално да го одобрат овој пакет вечерва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ