понеделник, 30 декември 2024

За време на секс мажите губат повеќе калории од жените

Мажите губат повеќе калории за време на секс отколку жените, изјави Леа Милхајзер, сексолог од Здравствениот центар во Стенфорд, Калифорнија, САД.

 

Објавено на

часот

Сподели

Според неа, тоа е затоа што мажите се „поактивни“ за време на сексот. Имено, посилниот пол согорува во просек 101 калорија, а жените согоруваат приближно 69 калории. И други стручњаци се согласуваат со тоа.

„Се разбира, постои разлика меѓу пет минути секс и интензивен секс којшто трае со часови. Сексот е различен за секој човек“, изјави Емили Морс за „Њујорк пост“ (New York Post).

Д-р Џејсон Карп се надоврза дека, иако има малку податоци за да се покаже како трошењето калории варира според позата на сексот, тој проценува дека, општо земено – тоа е околу три до четири калории во минута.

„Ако, пак, Вашата цел е да ја подобрите издржливоста во креветот, испробајте различни секс пози“, додаде сексологот Џејми Бел.

Се забежува и дека, иако сексот согорува калории, тој не мора да биде добра замена за вежбањето.

„И покрај зголеменото дишење, забрзаниот пулс и поголемиот крвен притисок коишто се јавуваат при сексот, како ‘еден вид вежбање’, тоа ги нема придобивките за согорување калории како трчањето, возењето велосипед и кревањето тегови“, заклучи Карп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ