Соседите забележале локва крв пред вратата на семејниот дом на Божиќ и ја известиле полицијата, која открила пет тела, изјави обвинителот за новинарите.
Мајка и две ќерки на седум и десет години се избодени до смрт ноќта меѓу неделата и понеделникот, синовите на возраст од девет месеци и четири години се задушиле или се удавиле.
Мотивот за убиството сѐ уште не е јасен.
Осомничениот, маж роден во париското предградие Коломбе, денеска е уапсен пред куќата на неговиот татко, дедото на убиените, соопшти обвинителот.
Тој и претходно бил насилен кон својата партнерка, во 2019 година ја избодел со нож кога била бремена со нивното дете, но истрагата била прекината бидејќи во моментот на нападот бил прогласен за психички нестабилен.
Осомничениот бил сместен во ментална установа во 2017 година, а истата година се обидел да се самоубие, соопшти обвинителството.
Убиствата повторно ја отворија јавната дебата за семејното насилство и менталното здравје, бидејќи повеќе од 100 жени беа убиени од своите сегашни или поранешни партнери во Франција оваа година.