Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од новите 44 случаи, пријавени се во рамките на епидемијата во Скопје – 39, па четири случаи од Куманово и еден од Прилеп. Возраста на заболените се движи од три месеци до 77 години, а најголем број случаи се од возрасната група од пет до девет години. Од новите 44 случаи, пет се хоспитализирани.
Дистрибуцијата по пол покажува дека 283 лица се од машки пол, а 314 од женски, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Од Институтот потсетуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територијата на Скопје и на Куманово.
Од 18 јануари до 16 мај, дадени се вкупно 47.982 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.