„Во однос на возрасната дистрибуција, 282 лица се на возраст од 15 до 64 години. Потоа, 83 се деца на возраст од пет до 14 години. Па 35 деца на возраст до четири години и 27 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години. Заболените се пријавени од 19 ЦЈЗ/ПЕ, со најголем број пријавени случаи во Кавадарци – 71, Скопје – 69, Гостивар – 67, Струмица – 61, а во останатите бројот на пријавени е еднаков или помал од педесет. Во 12 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во шест сезонска и во Кавадарци – средна активност на вирусот на грип“, пишува во извештајот.
Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип.
„Се работи за лице на возраст над 65 години од Штип. Хоспитализирано е на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби. Лицето не е вакцинирано и без регистрирани коморбидитети. Кај починато лице докажан е вирусот на Influenza A(H1)pdm09“, појаснуваат од ИЈЗ.
Во сезоната 2023/2024, вкупниот број случаи на грип и заболувања слични на грип изнесува 13.809, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 48,1 отсто. Во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 27,6 проценти.
Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 14 починати лица асоцирани со него.
Заклучно со десеттата недела во Македонија, вакцинирани се вкупно 61.788 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.