Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 27 или 67,5 отсто. Пријавени се и осум случаи од Битола, три од Тетово и два нови случаи од Ресен.
Возраста на заболените се движи од еден месец до 42 години, а најголем број на случаи се од возрасната група од 0-4 години – 20, односно 50 отсто. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 27 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, шест се комплетно вакцинирани и седум се вакцинирани согласно возраст, пишува во најновиот извештај на ИЈЗ.
Заклучно со 27 јуни, во Македонија се регистрирани вкупно 826 случаи на голема кашлица, со инциденца од 45,0/100 000 жители.
„Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019-2023 година), кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 648 со зафаќање на 17 општини. Во рамките на епидемијата во Куманово се пријавени 49 заболени лица, а случаи се пријавени и во други 20 градови низ државата, се додава во извештајот.