петок, 27 декември 2024
Министерката Тренчевска на пратенички прашања

За работниците кои ќе ги градат коридорите ќе биде испочитувана одредбата за дневна пауза и еден ден одмор

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на пратеничко прашање од Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, таа истакна дека во Договорот со „Бехтел и Енка“ стои дека најмалку 51 отсто од компаниите, работниците, работната сила и други ресурси при изградбата ќе бидат ангажирани од државата. 

Во делот на работното време и прекувремената работа на работниците, Тренчевска рече оти „никаде не стои дека работниците ќе бидат ангажирани 12 часа, односно 72 часа“. 

„Никаде не стои 60 часа неделно“, нагласи министерката Тренчевска. 

Во однос на најавите за синдикален протест на 1 Мај и тврдењето дека Синдикатот, како што рече, „бил на нозе“, министерката обвини дека ВМРО-ДПМНЕ создава хаос во општеството со лажни вести и манипулации. 

„Она што е вистината е дека Владата, МТСП и јас како министерка за труд и социјална политика ќе ги заштитуваме правата на работниците. Ќе ги штитиме правата на работниците и ќе се почитува секој закон што се однесува на првата на работниците“, рече Тренчевска.

Таа образложи дека од компаниите кои ќе ангажираат работници за изградба на коридорите 8 и 10д ќе биде испочитувана одредбата за дневна пауза на работниците и за неделен 24-часовен одмор.

„Се додека ја манипулирате јавноста и излегувате со лажни вести ќе создавате хаос во државата. Правата на работниците од оваа Влада се заштитени токму со Законот за работни односи. И понатаму Владата и МТСП ќе ги штитат правата на работниците и нема да дозволат ниту едно право да биде злоупотребено“, истакна Тренчевска.

Таа додаде дека се работи за проект кој е од стратешки и национален интерес, потенцирајќи дека прекувремената работа на работниците ќе биде платена и која ќе биде дозволена само со писмена изјава и согласност од работникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ