сабота, 18 јануари 2025

Естонската морнарица ќе го штити подморскиот енергетски кабел по сомнежот за саботажа

Вооружените сили на Естонија започнаа поморска операција за заштита на подморскиот енергетски кабел Естлинк 1 во Балтичкото Море, изјави во петокот министерот за надворешни работи Маргус Цахна.

Илустрација: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Финска вчера заплени танкер со нафта поради сомневање дека нанел штета на подморскиот кабел Естлинк 2 меѓу Финска и Естонија, како и четири интернет кабли еден ден претходно.

„Доколку постои закана за критичната подморска инфраструктура во нашиот регион, ќе има и одговор“, напиша Цахна на социјалната мрежа Икс.

Земјите на Балтичкото Море се во состојба на висока готовност поради можни акти на саботажа по серијата дефекти од 2022 година на електрични и телекомуникациски кабли и гасоводи, иако подморската опремата е подложна на технички дефекти и несреќи.

Поправката на 170 километри долгата интерконекција Естлинк 2 ќе трае со месеци, а дефектот може да доведе до потешкотии кога станува збор за снабдувањето со електрична енергија во текот на зимата, најави операторот Фингрид.

Дефектот на Естлинк 2 од 658 мегавати се случи во средата напладне, при што остана само Естлинк 1 од 358 мегавати да работи меѓу двете земји, објави Фингрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ