недела, 22 декември 2024

За прв пат во Македонија, Телеком постави оптички кабел под Дебарско Езеро

Во живописниот предел на Дебарско Езеро, под неговите мирни води, од неодамна е поставена една од најсовремените технолошки иновации во Македонија – првиот подводен кабел во земјата.

Објавено на

часот

Сподели

Идејата за овој подводен кабел не се роди случајно. Мотивот на Македонски телеком е да обезбеди непречена услуга за корисниците и токму затоа под површината на езерото го постави подводниот оптички кабел со должина од 1 километар, отворајќи нови хоризонти во телекомуникациската инфраструктура на земјата.

Според анализите на TeleGeography, компанија за истражување на пазарот на телекомуникации којашто изготвува непристрасни анализи базирани на податоци, повеќе од 550 подводни оптички кабли постојат или се во фаза на поставување низ светот, протегајќи се на над 1,4 милиони километри и пренесувајќи 95% од глобалниот пренос на податоци. Еден од тие километри сега минува и низ Дебарско Езеро, како симбол на технолошкиот напредок во нашата земја.

Новиот подводен кабел поставен во Дебарско Езеро не само што ја зајакнува веќе постоечката инфраструктура, туку и отвора можности за поврзување повеќе базни станици и приклучоци во иднина.

Со оваа иновација, се отвора  можност за поврзување повеќе населени места и зголемена мрежна стабилност.

Од Македонски телеком велат дека, за компанијата, овој проект претставува прв чекор во насока на прифаќање алтернативни начини за зајакнување на мрежната инфраструктура. Со стекнатото искуство и анализираните податоци, се очекува Телеком да продолжи со истражување нови начини за искористување на водните површини во земјата за поставување безбедни подводни оптички кабли.

Со новата траса, којашто е физички различна од онаа на постојниот кабел, ќе се поврзат телекомуникациските станици во Папрадник, Новак, Нерези и Јабланица, коишто досега беа поврзани со радио врска.

Поставувањето на кабелот беше внимателно планирано и изведено за да се заштити природната околина. Кабелот беше поставен во контролирана подводна траса, без да се врши копање и измени на околината. Процесот беше завршен брзо и ефикасно, во текот на еден ден. Природната убавина на Дебарско Езеро е нешто што секој сака да го зачува. Затоа, беше донесена одлука за подводна имплементација, којашто овозможи решавање на инфраструктурните предизвици на Телеком без да се наруши околината.

Поставувањето на кабелот беше изведено од специјална нуркачка екипа од Грција, којашто поседува експертиза во полето на иновативни мрежни технологии и искуство во поставување подводни кабли за телекомуникациски услуги во рамките на Дојче Телеком.

Од Телеком потврдуваат дека соработката со грчкиот тим била клучна за успешната реализација на овој проект бидејќи тие го донеле неопходното знаење и искуство за да се спроведе оваа технолошка иновација. Овие оптички кабли можат да пренесуваат повеќе терабити податоци во секунда, нудејќи најбрз и најсигурен начин на пренос на податоци на најдобрата мрежа во Македонија.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ