По повеќемесечна истрага обезбеден и анализиран е голем дел од бараната документација, а наскоро се очекува да биде завршена анализата на останатиот дел.
Од досега прибраната документација се појавила потреба од меѓународна правна помош од властите на Соединетите Американски Држави за проверка на информациите кои можат да бидат важни за истрагата, според информациите од Обвинителството, пренесе порталот 24. мк
Овој предмет се однесува на серија сомнителни финансиски трансакции кои се поврзани со Дрин Ахмети и неговиот партнер, Ник Назар Мехмеди, во кои станува збор за милиони долари и евра. Овие трансакции покренаа сомневања поради можноста за перење пари и вмешаност во сомнителни финансиски активности. Во тек се истраги и за други работи, како што е и пронаоѓањето на пиротехнички материјали во возилото на Дрин Ахмети минатата година.