Шегаџиите му се јавиле на Заев во име на поранешниот украински претседател Петро Порошенко. Снимката од разговорот не ја објавија една година по шегата. За сето тоа време Заев редовно им испраќал фотографии од средби со други политичари преку Ватсап (WhatsApp), но и од контакти на државници од Косово.
„Ова е веројатно најглупавиот политичар со кој успеавме да комуницираме“, забележале шегобијците.
Во интервју за српскиот весник „Политика“, Вован и Лексус велат дека не очекувале оти „пранкот“ со Заев ќе биде толкава сензација во Македонија. Велат дека, освен македонскиот премиер, досега не успеале да излажат некој друг функционер цела година.
Руските пранкери Вован и Лексус во 2020 година објавија разговор на Заев со „лажната активистка Грета Тунберг и нејзиниот татко“. Во разговорот кој е објавен на платформата Јутјуб, Заев и лажната Грета разговараат за затворање на аеродромите, легализирање на марихуаната, посета на активистката на Македонија, но и за мигрантите.
На листата жртви на пранкерите Вован и Лексус се и Михаил Горбачов, Џон Мекејн, Виталиј Кличко, Јанс Столтенберг… И претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган мислел дека разговара со Петро Порошенко. Двојката ја имитираше еколошката активистка Грета Тунберг многу пати. Во 2020 година, Вован и Лексус направиле два телефонски повици до принцот Хари, војводата од Сасекс, и се претставиле како Грета Тунберг и нејзиниот татко. На листата се и канадскиот премиер Џастин Трудо и Камала Харис кои мислеле дека разговарале со Тунберг…