понеделник, 30 декември 2024
Нема детали од средбата

За пожарот во модуларната болница Лога денес се сретна со Јовески, а утре со Абази

Објавено на

часот

Сподели

„Со државниот јавен обвинител Јовески се разговараше и за други прашања, како што се потребата да се именува обвинител за врски во Еуроџаст (Единица за судска соработка на ЕУ), носење Упатство за имплементација на Кодекс за ЈО, Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027, електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и други теми“, соопшти Министерството за правда. 

За случајот со модуларната болница во Тетово, како што е наведено во соопштението, министерот Лога утре ќе се сретне и со шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

Група граѓани се собраа денеска пред зградата на Обвинителството и Основниот суд во Тетово со цел да реагираат на судскиот процес за трагедијата од 8 септември 2021 кога во пожар во модуларната болница животот го загубија 14 луѓе. Организаторите од иницијативата „Подобро за Тетово“ побараа политичка одговорност за тоа што никој не добил соодветни казни за трагедијата во Тетово и другите случаи каде граѓани ги загубиле животите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ