петок, 18 октомври 2024
Хуманост

За неколку дена граѓаните собраа 50.000 евра за лекувањето на Кико, момчето кое боледува од ретка болест

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментов здравствената состојба на Кристијан е стабилна. Со стручната помош на лекарите, изминативе два дена успеа да преброди животозагрозувачки кризни моменти. Хоспитализиран е во приватна клиничка установа во Скопје и  е префрлен од интензивна нега на одделение. Веќе е воспоставена и професионална комуникација помеѓу овдешните и стручњаците во турската клиника во Истанбул. Надеж секако има, Кристијан се покажа како вистински борец и неговата силна желба за живот ни е најголем адут“, изјави за Сител Горан, таткото на Кристијан.

Болеста на Кико била откриена кога бил многу мал. Имал медицински третмани во странство а го лекувале и лекари од Македонија. Како што вели таткото на Кристијан, состојбата на синот нагло се влошила и часови биле пресудни во битката за живот.

Од тие причини немале можност да бараат институционални решенија. И од Фондот одговорија дека семејството не се обратило до оваа институција, каде со барањето треба да достават и предлог за упатување за лекување во странство со лекарски конзилиум од соодветната универзитетска клиника во Скопје. 

За оваа ретка болест лек нема, но има терапии кои ја подобруваат состојбата.

Македонскиот фонд  постапува Фондот постапува согласно конзилијарно мислење (предлог за лекување во странство ) издадена од соодветна Универзитетска клиника и Правилник каде што лекувањето е медицина базирано на  докази.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ