четврток, 6 февруари 2025

За лекарите кои се тепаа во болницата во Штип поведена е дисциплинска постапка

За вчерашната физичка пресметка меѓу двајцата лекари во Клиничката болница – Штип во операциона сала, за што веќе информираа од СВР –Штип, во писмено соопштение за настанот од болницата информираат дека веќе е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на вчерашниот ден 05.02.2025 година околу 12:30 часот во работните просториите на Клиничка болница – Штип дојде до нарушување на работниот ред со физичка пресметка помеѓу двајца вработени. Во текот на денешниот ден, од страна на надлежните од болницата случајот е пријавен во СВР-Штип и е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени“, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

Во него се наведува дека за сите понатамошни постапувања јавноста дополнително ќе биде известена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ