Како што информираат од МВР, при претресите биле пронајдени и одземени документација, пет мобилни телефони, околу 1.500 парчиња муниција од различен калибар, два пиштоли и три патнички моторни возила.
„По насоки на надлежниот јавен обвинител, ќе продолжиме со преземање на понатамошни полициски активности за обезбедување дополнителни докази во врска со случајот и евентуални други кривични дела,“ велат од МВР.
Министерството за внатрешни работи до Обвинителството поднесе кривична пријава против 13 физички и едно правно лице за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело. Обвинети се лица од повеќе градови, меѓу кои В.К. (55) од Битола, А.М. (44) од Скопје, Н.С. (61) од Општина Маврово и Ростуше, Е.П. (52) од Скопје, М.Н. (60) од Скопје, Б.М. (51) од Скопје, Р.Р. (48) од Општина Желино, Д.С.Ј. (43) од Куманово, Д.С. (66) од Скопје, Д.С. (43) од Велес, Р.К. (38) од Скопје, Е.С. (43) од Кичево и А.Ј. (40) од село Пласница, како и едно правно лице од Скопје.
Истражните органи продолжуваат со работата на случајот, а се очекува дополнително да бидат обезбедени нови докази во рамки на истрагата.