петок, 18 октомври 2024

За јубилејното 60. издание на Рационови средби државата ќе даде речиси двојно помалку пари од лани

Објавено на

часот

Сподели

Андреева, инфрмира дека заедно годинава Општина Велес од Министерството за култура за Рациновите средби побарале 600 илјади денари, а добиле речиси двојно помалку споредено со ланските околу 382 илјади. Годинашната богата програма за претстојните 60 јубулејни Рацинови средби ќе ја чини Општина Велес околу 1 милион денари, во што е вклучен и паричниот дел од 60 илјади за добитникот на Рациновото признание, како и за Втората атлетска трка „Трчаме за Рацин“ што на 11 јуни вечерта ќе се одржи низ велешките главни улици со над 500 учесници.

Инаку годинава 60. Рацинови средби ќе започнат со посета на родната куќа на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во стариот дел на Велес, а влезот е слободен за сите заинтересирани. Насловена е „На гости кај Рацин“ Отворен ден за запознавање со животот и творештвото на Рацин.

И годинава ултрамаратонците ќе трчаат од Велес до планината Лопушник- местото на погибјето на Рацин, а ќе се одржи и Планинарски марш во чест на Рацин исто на планината Лопушник.

Во соработка со Институтот за македонски јазик и годинава ќе има Научен симпозиум за Рацин, како и промоција на серијалот за Коста Рацин-Црвениот поет.

Во рамките на програмата ќе има традиционално поетско читање освен на возрасни и на млади поети.

На свеченото затворање со богата програма ќе бидат врачени и Почесното и Рациновото признание за 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ