„Изгледа имaaт мал непробол што не ги добија просториите, таков впечаток имам. Ахмети е пратеник во Собранието, јас сум во дневна комуникација со него и преку средби, а има и средби со дел од парламентарното мнозинство, со владината коалиција, имал Ахмети и тука и во зградата нба Владата средби со премиерот Ковачевски во Владата. Не гледам голема одговорност. Но, ако е за нив така голем проблемот, ќе гледаме да не се повторува“, одговори Груби.
Антикорупциската комисија ќе упати укажување до вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, за прекршување на етичкиот кодекс.
Инаку, честите партиски средби во Минситерството за политички систем и односи меѓу заедниците не се криеја од страна на Груби, па така и тој и други министри и самиот Ахмети заработија прекршочна казна кога таму беше организирана прослава на роденденот на лидерот на ДУИ, без маски на лицата во време на пандемија.
Тоа всушност, беше и првиот настан во новата зграда откако Груби се всели таму.