Додека не се постигне договор, Комерцијална банка треба да го овозможи одржувањето на печката на комбинатот, чие евентуално гасење би предизвикало огромни дополнителни трошоци. Одржаувањето на печката во топла состојба значи месечен трошок од околу 200 илјади евра само за струја.
Турската компанија Јилдирим груп е основана како градежна компанија во 1963 година, а денес работи во 9 сектори (метали, рударство, хемиска индустрија, пристаништа, градежништво, производство на електрична енергија…) во 56 земји на 5 континенти со повеќе од 25.000 вработени ширум светот.
Комерцијална банка беше главен доверител на поранешен ФЕНИ, чиј имот е веќе на лицитација.