понеделник, 21 октомври 2024

За едно деноноќие во две засебни сообраќајки има тројца загинати, автопатот Штип-Свети Николе е затворен за сообраќај

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, потврди дека станува збор за несреќа во која животите на самото место ги загубиле 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Има и повредени со тешки телесни повреди. Точниот број на повредени сѐ уште не се знае, а од страна на екипите на Брзата помош се транспортирани во штипската Клиничка болница.

Возила на Брза помош и на Територијалната Противпожарна единица – Штип се на терен, сообраќајот на автопатот во правец од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин, а полицијата го пренасочува по стариот регионален пат.

Во моментов во тек е увид од страна на истражните органи.

А вчера на патниот правец од село Јосифово кон село Пирава, валандовско, патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 56 годишен жител на Пирава, излетало надвор од патот при што на местото на несреќата починал возачот.

„Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид извршиле увидна екипа од полициска станица Валандово и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција“, наведуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ