сабота, 19 октомври 2024

За едно деноноќие ЦУК регистрирал 29 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имало 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии.

Објавено на

часот

Сподели

До утрово, според извештаите што се стигнати во ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште еден – во Општина Македонски Брод, во пределот кај с.Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума).

Изминатото деноноќие 29-те пожари биле во следниве општините Шуто Оризари, Студеничани, Зелениково, Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Илинден, Прилеп, Босилово, Гевгелија, Радовиш, Кичево, Чашка, Неготино, Карбинци, Куманово, Старо Нагоричане, Тетово и Гостивар.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов апелираше да не се палат стрништа, а ресурсите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и на Министерството за внатрешни работи (МВР) разумно да се користат.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ