Сара Мејс ја изрази својата возбуда што стана дел од CHERY семејството, изјавувајќи:
„Пресреќна сум што станувам бренд амбасадор на CHERY автомобилите во Македонија. Она што мене ме карактеризира е стилот, а и иновативниот пристап. Модерниот дизајн и посветеноста на квалитет што ги носи CHERY се совпаѓаат со моите вредности и креативност. Со нетрпение ја очекувам оваа возбудлива соработка и патувања со мојата нова убавица”.
За време на патувачкиот салон на Гранд ауто, беа претставени најпопуларните модели на CHERY, вклучувајќи ги Tiggo 7 Pro и Tiggo 8 Pro.
Гранд ауто, официјален импортер на CHERY во Македонија, ја нагласи посветеноста на брендот за присуство на пазарот, истакнувајќи ја улогата на Сара Мејс како влијателна јавна личност која ја отсликува динамиката и модерниот дух на брендот.
„CHERY означува уште еден голем чекор во мисијата на Гранд аутомотив, во Македонија и регионот при обезбедување на квалитетни и доверливи технолошко напредни автомобили. Возилата од брендот CHERY се потпираат на континуираниот стремеж кон технолошки иновации, па затоа по повеќе од 20 години развој продажната и сервисна мрежа на Chery покрива повеќе од 80 земји и региони и ја освојува довербата на 9,5 милиони клиенти ширум светот. Сара Мејс не е само талентиран уметник, туку и симбол на извонредност и амбиција. Сигурни сме дека нејзината соработка со CHERY ќе ги инспирира нашите клиенти и ќе ја зајакне присутноста на CHERY на македонскиот пазар”, изјави бренд менаџерот на Chery, Сергеј Никиќ.
Сара Мејс од денес ќе го вози средниот автомобил во моменталната понуда, преубавиот Tiggo 7 PRO. Овој автомобил се карактеризира со сите врвни безбедносни и технолошко напредни системи за да овозможи уживање и забава во возењето. Додека CHERY продолжува да го шири своето влијание во Македонија, партнерството со Сара Мејс претставува важна пресвртница која го приближува брендот до своите клиенти и поставува основа за идни успеси.
Комерцијален текст