Од новите регистрирни случаи, осум се примени во болница.
Во однос на територијалната распространетост, најголем дел од новите случаи се пријавени во Скопје – 30, осум случаи во Куманово, три во Тетово, по два случаи во Кратово, Гостивар и Битола и еден случај од Прилеп.
Возраста на заболените се движи од еден месец до 70 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години.
„Во однос на вакциналниот статус на заболените, 33 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, деветмина се комплетно вакцинирани и шестмина се вакцинирани согласно возраст“, појаснуваат од ИЈЗ.
Што се однесува до полот, 417 лица се мажи, а 488 се жени.
Во тек се три епидемии прогласени на териториите на општините во Скопје, Куманово и Тетово.
Од 18 јануари до 11 јули, дадени се вкупно 58.964 дози вакцина со компонента против голема кашлица.