Од 29 јануари до 4 февруари, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ биле отстранети 135 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ биле санкционирани 115 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
Од ЈП ПОЦ потенцираат дека заедно со Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на оваа општина.