недела, 22 декември 2024

За една недела ИЈЗ регистрира 25 новозаболени од голема кашлица

Институтот за јавно здравје – ИЈЗ информира дека од 30 август до 5 септември во Македонија пријавени се 25 нови случаи на голема
кашлица, што е за 47,1% повеќе во споредба со претходниот седмодневен период, кога беа регистрирани 17 новозаболени.

Објавено на

часот

Сподели

Најголем број заболени се во Скопје -14 каде случаи се регистрирани во сите скопски општини; во Тетово – 5, Кратово – 3, Куманово – 2 и еден случај во Крива Паланка.

„Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број на случаи
се од возрасната група под една година. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраста. Од новите случаи 5 заболени се хоспитализирани“, велат од Институтот за јавно здравје.

Од институтот исто така наведуваат дека заклучно со вчерашниот ден во Македонијасе регистрирани вкупно 1.074 случаи на голема кашлица, со инциденца од 58,5/100 000 жители, а 159 заболени биле хоспитализирани.

„Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019- 2023 година), кога беа регистрирани вкупно 10 случаи“, нагласуваат од Институтот за јавно здравје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ