Возраста на заболените се движи од еден месец до 81 година, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Од новите, седум случаи или 17,1 отсто се хоспитализирани, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
„Заклучно со 20 јуни во Македонија се регистрирани вкупно 786 случаи на голема кашлица, со инциденца од 42,8/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019-2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи“, се наведува во извештајот на ИЈЗ.
Најголем број од случаите се хоспитализирани во Универзитетска клиника за белодробни заболувања кај деца во Козле. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена.
Епидемија на пертусис во сила е во Скопје и Куманово.