четврток, 6 март 2025

За еден ден изречени 682 казни, 68 за возење без возачка дозвола

Со бројката од вкупно 682 издадени платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила биле заокружени вчерашните интензивни и плански активности на полициските службеници при МВР во делот на сообраќајните контроли на патиштата низ земјава.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на посочената бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот, соопштија денеска од МВР, неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, биле евидентирани 204, односно 136 прекршоци. Без возачка дозвола биле регистирани 68 возачи, потоа 63 учесници во сообраќајот беа санкционирани за некористење сигурносен појас, а 27 за користење на мобилен телефон при возење.

„Според статистичките податоци, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во четири случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, 11 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем, а санкционирани биле и 22 пешаци. По основ пак на Законот за возила 17 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани, а девет заради техничка неисправност“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ