сабота, 27 јули 2024

За Џафери нема дилема дека наредбите на Тошковски се поништени законски

Законот е јасен дека треба да има врзан потпис, рече денеска техничкиот премиер Талат Џафери во однос на вчерашната одлука на Владата да поништи пет наредби на министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски кој смета дека е скандалозна и спротивна на законските одредби вчерашната одлука на Владата со која се поништени пет наредби кои тој ги донел.

Објавено на

часот

Сподели

Формално, рече Џафери, ако нема врзан потпис се поништуваат наредбите, после ако постапката потврди нешто друго се преземаат соодветни одговори и постапки согласно процедурата.

„Сега засега се такви процедурите“, изјави Џафери, по увидот на активностите за обнова на автопатната делница Катланово-Петровец.

Претходно министерот Тошковски во објава на фејсбук оцени дека вчерашната одлука на Владата е скандалозна и спротивна на законите.

Тој појаснува дека една од петте поништени наредби се однесува на работник во Министерството за внатрешни работи кој се упатува да извршува работни задачи во управните служби во Ново Село заради кадровски дефицит во издавањето на лични документи, а останатите четири за советници од неговиот кабинетот со кои им се даваат конкретни насоки за постапување.

„Со нивното поништување исто така се влијае на работата на Министерството на највисоко ниво, кое во претстојниот период треба да биде гарант за спроведување на мирен и демократски изборен процес“, напиша Тошковски.

Владата вчера соопшти дека како второстепен орган, прогласила за ништовни пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност донесени од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, бидејќи биле со едностран потпис.

Како што соопшти Службата за односи со јавноста на Владата, актите се прогласени за ништовни по укажување на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, дека со едностран потпис, само од страна на министерот за внатрешни работи Тошковски, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања.

„Согласно Законот за Влада, заради организирање на избори за пратеници во Собранието, дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документи, во спротивно тие не произведуваат правно дејство“, посочија од Владата

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ